Хроника 24. февруари 2019. / 19:14

Голем пожар вечерва во околината на Скопјe

Голем пожар вечерва во околината на Скопјe

Голем пожар е вечерва регистриран кај Ајватовско брдо, во близина на скопскиот аеродром, а според неофицијалните информации пожарот е во близина на семејни куќи.

Во гаснењето на пожарот учествуваат повеќе возила на противпожарните екипи, а во борбата со огнената стихија се вклучило и месното население.