Хроника 29. декември 2018. / 11:33

Го удрил човекот и избегал: Пешак тешко повреден во Скопје

Го удрил човекот и избегал: Пешак тешко повреден во Скопје

На 28.12.2018 годинa во 13,20 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата “Сараевска“ патничко моторно возило удрило во пешакот Љ.И.(66) од Скопје.

Возилото по незгодата го напуштило местото на настанот, а Љ.И. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на целосно расчистување на случајот.