Хроника 26. август 2019. / 17:25

Го привеле во станица, па го истепал полицаецот

Го привеле во станица, па го истепал полицаецот

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.С.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

На 16.08.2019 околу 14.00 часот во просториите на Полициската станица Куманово, пријавениот, кој бил приведен за претходно пријавен настан, физички го нападнал полицискиот службеник додека имал службен разговор со него.