Хроника 02. август 2018. / 16:26

Го измамил дека ќе му помогне за лекување на дедото и му зел 7000 денари

Го измамил дека ќе му помогне за лекување на дедото и му зел 7000 денари

Шеесет и едно годишен скопјанец пријавил во полиција дека додека го носел неговиот дедо на лекар во Клиниката за очни болести при
Комплексот клиники „Мајка Тереза“, му пришол непознат човек и му рекол дека веднаш ќе му завршел работа во врска со болеста на дедо му.

Потоа, сторителот му побарал сума од 7.000 денари кои му рекол дека ќе му ги врати откако ќе ги рефундира, по што откако ги зел парите, го напуштил местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.