Хроника 03. јули 2018. / 16:31

Глупав потег на зелените фанатици, собориле дрон врз нуклеарна електрана

Глупав потег на зелените фанатици, собориле дрон врз нуклеарна електрана

Активисти на Гринпис соопштија дека нивен дрон удрил во француската нуклеарна постројка со цел да се докаже дека има недостатоци во безбедноста на објектот. Дронот удрил во кулата во Буге, околу 30 километри од Лион.

Гринпис наведува дека дронот бил безопасен, но оти постапката покажа недостиг на безбедност на нуклеарните постројки во Франција.

Групата за заштита на животната средина и претходно укажуваше на лошата безбедност во Франција. Минатата недела 19 активисти на Гринпис добија условни казни поради упад во една нуклеарна централа во ноември 2017 година.