Хроника 02. мај 2018. / 17:15

Ѓошевски и Поповски остануваат во притвор

Ѓошевски и Поповски остануваат во притвор

Поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Велјановски, Горан Ѓошевски и екс началникот во МВР Оливер Поповски обвинети за „крвавиот четврток“ од минатогодишниот 27 април сепак остануваат во притвор во Шутка.

Скопска апелација ги сменила одлуките на Кривичен суд тие да бидат пуштени да се бранат од слобода со гаранција со што засега остануваат во притвор, потврдуваат од судот.

Понудениот недвижен имот во висина од 54 илјади евра за Ѓошевски и недвижности во вредност од 125 илјади евра за Поповски, не биле соодветни. Од судот за Телма велат дека ги анализирале сите околности, меѓу кои и висината на понудената гаранци.

„Во конкретните случаи понудената гаранција не е пропорционална на тежината на кривичното делото односно преземни дејствија за кои се товарат и во моментот таа гараницја не претставува ефикасен механизам за обезбедување на присуство на обвинетите“, велат од Апелација.