Хроника 16. мај 2020. / 13:31

Ѓоргиева: Свекор ми почина од преплет црева, а не од Ковид 19 барам Обвинителството да постапува!

Ѓоргиева: Свекор ми почина од преплет црева, а не од Ковид 19 барам Обвинителството да постапува!

Семејството на 78-годишниот Димитар Тодоров од Кавадарци, не можело ниту да претпостави дека по неговата смрт ќе го добие телото во залемен лимен саркофаг, „спакувано” по протокол за коронавирус, а уште помалку дека до Основното јавно обвинителство ќе достави пријава за измама.

Причината поради која што ова за нив било неочекувано е тоа што човекот немал коронавирус, што се гледа и од отпусното писмо од болницата 8 Септември, а доказ за тоа е и фактот што на погребот имало повеќе од 20 присутни, никој од семејството не е во изолација ниту пак било кој е носител на вирусот.

Снаата на покојникот Јасминка Ѓоргиева, по професија дипломиран правник решила дека нема да остави случајот да помине туку така, туку дека правдата ќе ја бара во правосудниот систем.

Таа за „Слободен печат“ тврди дека воопшто на семејството не му било дозволено да одбере ковчег, дека е одбран скап ковчег и дека севкупната сума на погребалните услуги е поголема од сметките за погреб на оние кои што навистина починале од коронавирус и за кои навистина бил потребен овој протокол со два сандака.

Целиот текст на Слободен печат можете да го прочитате ТУКА.