Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена денеска е осуден на година и пол ефективна казна затвор, а изречена му е и забрана за вршење дејност во траење од осум години. Дамчевски пред судот ја призна вината и за двете дела, Несовесно лекување и Фалсификување на медицински документи.
Адвокатката на оштететената пациентка, Ирена Фрчкоска, изјави дека не се задоволни од изречената казна и дека ќе се жалаат за висината.
„Не сме задоволни од изречената казна бидејќи со оваа висина на казната не е исполнета целта, а тоа е заштита на пациентките. Случајот освен од етички апсект, особено е карактеристичен поради нехуманиот начин на кој е извршено кривичното дело, тоа е еден монструозен начин на кој е извршено што му дава поголема тежина на делото“, изјави адвокатката Фрчковска.