Хроника 06. декември 2018. / 11:15

Гинекологот кој ја лажел пациентката дека е бремена избегал со бугарски пасош

Гинекологот кој ја лажел пациентката дека е бремена избегал со бугарски пасош

Осудениот Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена, избегал од Македонија со бугарски пасош. Основниот суд Скопје 1 за СДК изјави дека утринава по проверките, го нашле македонскиот пасош на Дамчевски во депото во судот.

– Дамчевски имал одредено мерка за обезбедување присуство, односно поради опасност од бегство и таа мерка воопшто не му била укината до правосилноста на пресудата и потоа и таа е во сила и денеска. Минатиот месец судија за извршување на санкциите му напишал и упатен акт за издржување на двегодишната затворска казна. – велат од Кривичниот суд за СДК.

Наместо да оди на издржување на казна затвор во траење од две години, тој им избегал на македонските правосудни органи.