На 01.09.2019 околу 02:00 часот во Полициската станица Гази Баба Д.И.(36) од Скопје пријавил дека на улицата „520“ во населбата Керамидница неговите соседи го нарушиле јавниот ред и мир со пуштање гласна музика и кршење чаши и шишиња на улицата.
Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и приведени биле четири лица, кои биле под дејство на алкохол и продолжиле со нарушување на јавниот ред и мир.
Против нив се поднесени соодветни пријави и околу 06:30 часот биле пуштени да си одат.
Околу 12:00 часот во дворот на Д.И. дошле две лица (негови соседи) кои ја турнале В.И.(66) мајка на Д.И. и се обиделе да го нападнат Д.И., но не успеале во намерата.
Се работи на расчистување на случајот.