Хроника 25. септември 2020. / 20:52

Гевгеличанка чувала дрога во куќа во Скопје

Гевгеличанка чувала дрога во куќа во Скопје

Синоќа околу 20 часот на ул.„Никола Тесла“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.К.(39) од Гевгелија, бидејќи при претрес во куќа во Скопје каде таа престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.