Пратеникот Дарко Каевски, градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, неговиот брат, директорот на затворот во Шутка Андонов и директорот на зоолошка Галетановски повикани во полициската станица Карпош да одговорат кој ги пуштил во спортската сала и кој друг бил присутен таму, пренесе Телма.
Со своето физичко присуство на натпреварот ги прекршиле здравствените ковид-протоколи, а први во полициската станица Карпош се појавија директорите.
Во изјави за „Телма“ по давањето исказ во полиција, функционерите на СДСМ посочуваат дека, како споортски работници, присуствувале на натпреварот по покана на Ракометната федерација.
„Секако дека, во ова тешко време, треба да се запазат протоколите и безбедноста. Јас сепак мислам дека нема ничија вина, бидејќи Федерацијата постапила како што треба и поканила гости, како што има право. Јас присуствував со покана како дел од менаџмент-тим, за кој имам и договор“, изјави Галетановски.