Утринава во 5 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Г.Ц. (вработен во хотел) пријавил дека непознато лице во теренскиот ресторан во состав на хотел на булеварот “8-ми Септември” фрлило најверојатно „молотов коктел“.
Притоа била изгорена една столица, која самата се изгасила. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден, соопшти МВР.