За време на полицискиот час во Гевгелија на централното градско шеталиште се искршени повеќе жардинери пред државни и приватни објекти, урбана опрема, а биле искршени и палми и украсни дрвца пред фонтаната на хотел во градот.
Градоначалникот Сашо Поцков остро го осуди овој вандализам и побара од органите на прогонот под итно да се преземат мерки за откривање и санкционирање на сторителите на вандализамот.
Припадници на ОВР Гевгелија извршија увид на терен и во тек е прегледување на снимки од видео надзорите на неколку угостителски објекти заради откривање на идентитетот на сторителите.
Вработените на јавното комунално претпријатие претпладнево извршија целосна замена и обнова на искршените жардинери, оштетеното цвеќе и искршените дрвца.