Хроника 09. ноември 2018. / 22:29

(ФОТО) Возило на итна помош кое превезувало дете на скопската клиника удрило во дива свиња

(ФОТО) Возило на итна помош кое превезувало дете на скопската клиника удрило во дива свиња

Екипата на Велешката болница носејќи дете со изгореници на клиника имаше сообраќајна незгода, удирајќи дива свиња на автопат, објави А1он.

Директорот на Општата болница Велес, Димитар Стровјаноски на Фејсбук сподели дека возило на итната медицинска помош, носејќи дете со изгореници на клиника имало сообраќајна несреќа, удирајќи дива свиња на патот.

За среќа без жртви, но со лесни повреди кај сестрата која беше во придружба на пациентот, па заедно беа пренесени во Ургентниот центар.

По увидот од страна на полициските службеници, возилото веќе се транспортира со шлеп-служба на сервис во Скопје.