Македонски државјанин 36-годишниот Џемаил М. од скопското село Ласкарци, кој до смрт ја избоде својата 32-годишна сопруга, Земира К. на паркинг во австрискиот град Тулин бил припадник на исламската држава.
Како што пишува австрискиот интернет-портал „ОЕ24″, Албанецот од Македонија, на неговата последна фотографија на Фејсбук се гледа како позира со испружен показалец на десната рака, што како поздрав го користат и припадниците на Исламска држава.
Според портпаролот на австриската полиција, Џемаил го признал злосторството без каење.
-Да, сакав да ја убијам. – рекол тој и ги шокирал сите.
Инаку, неговото семејство вели дека ги зацрнил и дека не сакаат да го видат.
Тој ја уби сопругата завчера пред супермаркет, пред очите на малолетните деца.