Хроника 16. мај 2020. / 12:54

(ФОТО) Откриена гробница на патот кон Козјак – засега пронајдено е едно тело

(ФОТО) Откриена гробница на патот кон Козјак – засега пронајдено е едно тело

Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) синоќа пронајде гробница на Матка, дознава КУРИР. Според првичните неофицијални информации, гробницата е пронајдена после полициската станица на патот кој води кон Козјак.

Засега има откриено едно тело во дупката, по што според нашите информации во секој момент на местото треба да пристигне и јавен обвинител, пред да се продолжи со копање.

Засега нема информации чие e безживотното тело. Очекуваме повеќе информации во текот на денот. КУРИР дојде до ексклузивни фотографии од местото каде е пронајдена гробницата.