Хроника 07. октомври 2018. / 16:33

Фото од возилото на УЈП кое заврши во реката Драгор во Битола

Фото од возилото на УЈП кое заврши во реката Драгор во Битола

Возило на Управата за јавни приходи се преврте во реката Драгор во Битола, а друго на паркингот крај реката е удрено и оштетено, пренесе САКАМДАКАЖАМ.

Другото оштетено возило е на паркингот крај реката и најверојатно од удар на друго возило е поместено од првичното место каде што било паркирано.

На неколку метри под него има и други службени возила од УЈП ,,фиат панди”.

Од СВР Битола потврдуваат дека се работи за сообраќајка.