Хроника 17. декември 2018. / 20:16

(ФОТО) Лекарското уверение на претепаниот Митко Ѓорѓиев: Ова ти е од Заев, му рекле напаѓачите

(ФОТО) Лекарското уверение на претепаниот Митко Ѓорѓиев: Ова ти е од Заев, му рекле напаѓачите

Струмичанецот Митко Ѓорѓиев ни го испрати лекарското уверение по претепувањето кое му се случи попладнево, во околу 17 и 15 часот. На уверението пишува дека тој се здобил со удари во пределот на главата и долниот дел од устата, притоа му е пукната вилицата и му имаат искршено два заба . За среќа нема посериозни повреди.

-Случајот го пријавив во полиција. Напаѓачите пред да побегнат ми рекоа “ова ти од Заев” – ни рече Ѓорѓиев кога ни го достави

Попладнево околу 17 часот и 15 минути на улицата пред неговиот дом бил претепан струмичанецот Митко Ѓорѓиев.

Веднаш по настанот, Митко се јави во редакцијата на Лидер за да не информира за случајот, додека оди кон струмичката болница.

-Целиот сум во крв, во моментов одам кон болница. Се враќав кон дома и на улицата во темницата ме нападнаа три маскирани лица со боксирачи, целиот сум искршен. – ни рече Ѓорѓиев во краткиот телефонски разговор.

Струмичанецот се сомнева дека ова му се случило затоа што пред една недела се јавил во живо на 1тв и говорел против Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.

-Ова е поради тоа мое јавување, сигурен сум. Таму кажав како Заеви ја тероризираат Страница и сега ми се случува ова. – ни рече Ѓорѓиев.

На нашата молба да ни испрати фотографии, Ѓорѓиев ни одговори дека тоа ќе го стори подоцна затоа што неговата фамилија сеуште не знае и не сака да ги вознемири со грозоморните слики.

Ѓорѓиев веќе подолго време говори против фамилијата Заеви за кои во емисијата Блиц на ТВ Алфа, тврдеше дека наводно го фрлиле во должничко заложништво и цела Струмица ја држеле под лихва.

Видео од емисијата: