Хроника 07. декември 2020. / 12:37

(ФОТО) Изгореа два автомобили во близина на Порта Влае

(ФОТО) Изгореа два автомобили во близина на Порта Влае

Два автомобли изгореа утринава во близина на Порта Влае. Инцидентот се случил околу 04:30 минути.

Жителите кои утринава ги забележаа изгорените автомобили, велат дека не е прв пат во овој дел од градот да се палат возила.

Командирот на противпожарната бригада Владимир Симоновски вели дека интервенирале со две противпожарни возила и 5 пожарникари.