Хроника 18. март 2019. / 12:52

(ФОТО) Исчезната е жена од Маџари – семејството бара помош

(ФОТО) Исчезната е жена од Маџари – семејството бара помош

Марика Гиовска од скопската населба Маџари е исчезната.

Нејзиното семејство ја контактираше редакцијата на КУРИР и информира дека госпоѓата го напуштила домот рано утрово.

83-годишната Марика има здравствени проблеми и не знае сама да се врати дома.

Доколку некој ја види или има било какви информации, ве молиме да ја исконтактира Елизабета на телефонскиот број 071-329-292.