Хроника 05. август 2019. / 11:07

(ФОТО) Голема тага: Почина поранешен играч на Работнички

(ФОТО) Голема тага: Почина поранешен играч на Работнички

Поранешниот одбојкар на Работнички, ЦСКА и Славија, Христо Модев почина вчера на 43-годишна возраст, објавија бугарските медиуми.

Модев беше дел од Работнички, кој пред 12 години го оствари најголемиот успех во клупската историја, откако се пласираше на фајнл-фор турнирот на „Топ тим“-купот во организација на ЦЕВ.

Одбојкарот зад себе ја остави сопругата Валентина, како и двете ќерки, Габриела и Келементина.