Хроника 11. март 2021. / 23:04

(ФОТО) Голем пожар во Ченто- гореше куќа, интервенираа 8 возила

(ФОТО) Голем пожар во Ченто- гореше куќа, интервенираа 8 возила

Со 8 возила, 18 пожарникари интервенирале на голем пожар кој избувнал попладнево во куќа во населба Ченто на последната автобуска постојка 45-ка.

Големиот пожар бил пријавен во 15:03 часот на 193, а поради брзото пристигнување на противпожарната бригада спречено е ширење и зафаќање на повеќе куќи во близина на опжарената куќа- поткровје со деловен објект во самиот кров.