Хроника 17. септември 2020. / 19:06

(ФОТО) Фотографија од лице место каде Палевски е легнат на земја по бруталното претепување

(ФОТО) Фотографија од лице место каде Палевски е легнат на земја по бруталното претепување
Фотографија: 360 степени

Љупчо Палевски од Трета бил нападнат од две лица со метален предмет. Нападот се случил кај неговиот дом во близина на трговскиот центар Буњаковец во Скопје.

Полицијата го потврди настанот и работи на негово расчистување.

360 степени“ дојде и до фотографија од настанот што е направена откако на Палевски му е укажана прва помош

Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на улицата Златко Шнајдер од страна на две лица, кои биле на мотоцикл, со употреба на метален предмет бил нападнат Љ.П. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.