Хроника 13. јануари 2021. / 13:43

Физички напад врз вработена во казино: Приведени две лица

Физички напад врз вработена во казино: Приведени две лица

На 12.01.2021 година, околу 10 часот, пред угостителски објект во струшкото село Лабуништа, нарушен е јавниот ред и мир, со физички напад извршен од С.О. врз Ј.М.(40), двајцата од истото село. ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава против напаѓачот

На 12.01.2021 година во ОВР Струга, од слобода се лишени В.М.(34) од струшкото село Корошишта и А.Р.(53) од селото Велешта. Тие, со уште две други лица во казино лоцирано на улицата „Нико Нестор“ во Струга извршиле физички напад врз вработената А.А.(24) од Струга и работникот на обезбедување-А.А.(26) од струшкото село Делогожда а потоа и врз полициски службеници кои пристигнале во казиното и преземале мерки за расчистување на физичкиот напад. ОВР Струга работи на расчистување на настанот по што, ќе поднесе соодветни пријави.