Во текот на вчерашниот ден во 16 часот во реонот на мост на Лажечка река, по регионалниот пат кон Битола, полициски службеници ги привеле лицата A.А. (18), Ф.М. (24) и Е.З. (44), сите од Палестина, кои биле без документи за идентификација. Личните податоци се земени по личен исказ.
Тие илегално ја поминале грчко-македонската граница. Со нив бил извршен разговор, по што биле пренесени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“.