Дваесет и еден мигрант е откриен на патот Гевгелија-Скопје. Седум лица биле пронајдени во автомобил, а уште 14 до возилото.
Според информациите на МВР, вчера во 20.10 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на излез од Гевгелија, полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и при контрола во возилото биле пронајдени седум лица – мигранти од Авганистан.
Во непосредна близина до возилото биле откриени уште 14 лица-мигранти, сите од Авганистан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.