Хроника 10. ноември 2020. / 22:16

Фатени десет мигранти на патот Градско – Велес: Притворен возачот кој ги превезувал

Фатени десет мигранти на патот Градско – Велес: Притворен возачот кој ги превезувал
Архива

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 07.11.2020 на патот Градско – Велес, полициски службеници во возило што го управувал С.А. пронашле десет мигранти.

Судија на претходна постапка на С.А му изрече мерка притвор.