Хроника 17. јули 2019. / 16:46

Фатени 9 албански државјани при нелегална сеча на огревно дрво во Струга

Фатени 9 албански државјани при нелегална сеча на огревно дрво во Струга

Вчера на подрачјето на селата Франгово, Мали Влај и Вишни, во струшкиот регион, Регионалниот центар за гранични работи – запад спровел акциска контрола за откривање сторители при нелегална сеча на огревно дрво.

Како што јави МВР, полициските службеници откриле и фатиле девет државјани на Република Албанија, од кои дел оствариле илегален влез, а дел легално влегле, но престојувале во земјава спротивно на целта на туристичкиот престој.

Од лицата биле одземени моторни пили. По документирање на настанот, против лицата ќе бидат преземени соодветни мерки.