Дури 18 луѓе без возачка дозвола биле фатени вчера во Ѓорче Петров.
Полицијата вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на Општина Ѓорче Петров изречени се вкупно 119 мерки, од кои 18 за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани возила, 5 за возење под дејство на алкохол, 4 за технички неисправни возила од јавниот превоз, 11 за минување на затворен семафор (црвено светло), 16 санкции за користење на мобилен телефон и 7 санкции за некористење сигурносен појас. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.