Околу 13.00 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода го лишиле 47-годишниот Ф.Р. од село Речане, гостиварско, по кого од ноември 2018 година, поради бегство од затвор, била распишана потерница од Казнено-поправната установа „Идризово“.
Ф.Р. бил приведен во Полициската станица Гостивар, по што бил спроведен во Казнено-поправниот дом „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.