Полицијата информира дека вчера во 15,05 часот на Граничниот премин ,,Свети Наум“ при излез од Република Македонија при проверка на возило „цитроен“ со албански национални ознаки управувано од Ф.О.(36) од Република Албанија тој приложил грчка возачка дозвола.
Од страна на полициски службеници било констатирано дека е фалсификувана. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР-Охрид за понатамошна постапка.