Хроника 17. декември 2018. / 13:04

Емотивно: Чиста ми е совеста синко затоа брзо заспивам, му рече градоначалникот Стојаноски на неговиот син

Емотивно: Чиста ми е совеста синко затоа брзо заспивам, му рече градоначалникот Стојаноски на неговиот син

На Факултетот за туризам, угостителство и организациони науки се одржа комеморативна седница за охридскиот градоначалник проф. д-р. Јован Стојаноски, кој ненадејно почина во саботата, а говореше и неговиот син.

-Пред неколку дена татко ми си дојде дома на еден час. Веднаш заспа. Потоа го прашав, како можеш така, веднаш да заспиеш? Сине, мене ми е чиста совеста, затоа заспивам бргу – ми рече. Како дете ме носеше на натпревари, ме учеше што е љубов, ме учеше да ги почитувам вредностите во животот – емотивно раскажа синот на градоначалникот, пренесе Фокус.