Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, од името на Собранието, се обрати на комеморацијата на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
– Занимавањето со политика може да биде благородно и неблагородно, ценето и неценето. Тој физички не е меѓу нас. Но, само во форма во која би сакале. Јован е до нас и со нас денес. Јован друже, не се договоривме вака. Велат, човек умира два пати. Еднаш физички кога ќе го снема и еднаш кога нема да се споменува. Затоа друже, вечно ќе живееш во нас. Вечерта кога победи за градочалник, одевме кон плоштад и ми рече – ‘Друже, што направивме, од вечерва го менуваме светот. Се ќе си биде само нас ќе не нема’, така зборувавме со Јован. Збогум пријателе, збогум градоначалник, збогум голем човеку – рече претеникот Томислав Тунтев во своето проштално обраќање.