Хроника 15. јануари 2019. / 17:34

Експлозивни направи пронајдени во Куманово

Експлозивни направи пронајдени во Куманово

Две експлозивни направи, детонаторски каписли и куршуми биле пронајдени во куќа во Куманово.

Според информациите на МВР, против И.С. (43) од Куманово е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

На 10 овој месец полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом на улица Среќко Пужалка, при што биле пронајдени и одземени две експлозивни направи, две детонаторски каписли и 25 куршуми во различен калибар.