Хроника 21. јуни 2018. / 10:14

Експлозивна направа експлодирала во автомобил во Куманово

Експлозивна направа експлодирала во автомобил во Куманово

Експлозивна направа експлодирала утринава околу 12:30 часот во автомобил на кумановецот Р.Д.

Според информации од полицијата, Р.Д. пријавил дека во неговото возило марка „Фолксваген пасат“ кое се наоѓало на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Куманово експлодирала експлозивна направа.

За среќа повредени нема. Увидот на полицијата се уште трае.