Хроника 06. декември 2019. / 10:48

Eксплозија на плинска боца во куќа во кумановско

Eксплозија на плинска боца во куќа во кумановско

Експлозија на плинска боца се случила вчера околу 10 часот во куќа сопственост на Ф.Т. (28) во с.Доброшане, кумановско.

Во експлозијата е повреден Ф.Т., а истата настанало откако тој запалил шпорет на дрва на кој била поставена плинска боца, која притоа експлодирала.

Ф.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.