Хроника 28. декември 2018. / 15:38

Експлозија на боца причина за пожарот на „Јордан Мијалков” во кој загина едно лице а неколкумина се повредени

Експлозија на боца причина за пожарот на „Јордан Мијалков” во кој загина едно лице а неколкумина се повредени

Тројца скопјани се повредени, а едно 25-годишно момче почина во пожарот што попладнево се случи во сервисот за мотори Тјунинг на улица „Јордан Мијалков”, пишува Алфа.

Според информациите од полицијата до кои дојде Алфа, додека вработените правеле сервис на мотор, во еден момент експлодирала плинска боца. На самото место починало едно лице, а тројца се повредени меѓу кои и сопственикот на севисот. Полиција врши убид на местото ан несреќата