Во СВР Битола вчера во 11.00 часот било пријавено дека на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола, во рибарница во склоп на пазарот, настанал пожар поради експлозија на плинска боца.
Вработената А.К.Т.(28) од Битола била префрлена во Клиничката болница Битола, после што била пуштена дома.
Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.