Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, доби нови 30 дена куќен притвор за случајот „Империја“.
Адвокатите на Мијалов можат да поднесат жалба до Врховниот суд.
Покрај Мијалков, во истрагата во овој предмет, опфатени се и Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.
Се товарат за Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.