Хроника 10. јуни 2018. / 22:14

„Еколог“ го потврди вооружениот инцидент во Мали во кој загина Тетовец

„Еколог“ го потврди вооружениот инцидент во Мали во кој загина Тетовец

Компанијата „Еколог“ за ТВ21 го потврди вооружениот напад кој се случил во петокот во градот Гао во Мали, во кој загина нивен работник со потекло од Тетово. Двајца други исто така нивни работници се повредени, но според информациите кои тие ги соопштија, се надвор од животна опасност.

-Со длабоко жалење потврдуваме дека за време на обидот за грабеж во Гао, Мали, тројца вработени во нашата компанија биле нападнати. За жал, еден од вработените, Е.И од Тетово, им подлегна на повредите, додека други две лица кои се здобиле со повреди се надвор од животна опасност, се вели во официјалното сооштение од „Еколог“, потпишано од Кан Савул шеф на подружницата на компанијата во Мали.

Инаку, инцидетот се случи во петокот кога четири лица, се претпоставува членови на групацијата Боко Харам, го нападнале возилото за превоз на храна за мисијата на ОН во оваа африканска држава. Во нападот возачот бил убиен, додека две други лица биле ранети. Сите се вработени во компанијата „Еколог“.