Хроника 29. декември 2019. / 21:00

Екипа на Брза помош со пациентка пропаднале со лифт, пациентката починала

Екипа на Брза помош со пациентка пропаднале со лифт, пациентката починала

Синоќа во 00.23 часот, при интервенција на повик на улица „Никола Парапунов“ за укажување на лекарска помош на Л.Т (68) од Скопје, екипата на Итната медицинска помош се обидела да ја пренесе во комплексот клиники „Мајка Тереза“, лифтот се заглавил и пропаднал во подрумскиот дел од зградата, a пациентката Л.Т починала.

Ова во СВР Скопје го пријавил доктор од Итна медицинска помош. Како што соопшти МВР, на местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.