На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски и предвремените локални избори за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село можат да гласаат 1.808.131 граѓани запишани во избирачкиот список, а гласањето е до 19. часот.
МВР денеска за Сител информираше дека се подготвени за фер и мирни и безбедни избори, а засега е регисриран инцидент во Аеродром.
Од МВР за Сител велат дека едно лице било приведено на гласањето во Аеродром, бидејќи го фотографирало ливчето.
Настанот се случил во објект на градинката „Срничка”.