Од СВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и четири нерегистрирани возила.
Санкционирала и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.
Осум пешаци поминале коловоз вон пешачки премин и тројца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло биле исто така санкционирани од сообраќајната полиција.
Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 82 возила