Хроника 15. октомври 2020. / 16:40

Едно лице почина, едно е тешко повредено во масовна тепачка во Прилеп

Едно лице почина, едно е тешко повредено во масовна тепачка во Прилеп

Четириесет и двегодишник почина, а триесет и едногодишен маж е тешко повреден со остар предмет во масовна тепачка што се случила вчера во прилепската населба Тризла.

Полицајци излегле на местото на настанот, а еден од нив пукал два пати во воздух за да ја спречи физичката пресметка меѓу две групи.

Едно од лицата било повредено со остар предмет и му биле констатирани тешки повреди во прилепската болница, додека другото лице не давало знаци на живот.

Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај Т.Б.(42), а по наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.