Хроника 15. август 2018. / 11:05

Единаесетгодишно девојче прегазено во дворот на неготинската болница, па итно префрлено во Скопје

Единаесетгодишно девојче прегазено во дворот на неготинската болница, па итно префрлено во Скопје

Вчера утро во 09.30 часот во двор на здравствена установа на ул. „Ико Заров“ во Неготино, В.Н. (48) од Неготино, управувајќи патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 11- годишно девојче од Велес.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Општата болница Кавадарци билa препратена во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.