Хроника 01. ноември 2018. / 09:18

Еден загинат во престрелка во Куманово

Еден загинат во престрелка во Куманово

Едно лице загина во престрелка која се случила синоќа во Куманово. Тој им подлегнал на повредите откако беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Инцидентот се случил околу 19 часот на улицата „Тоде Мендол“ по претходна вербална расправија меѓу две семејства.

Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.