Хроника 09. февруари 2019. / 16:26

Eден повреден при расчистување на должничко доверителски односи

Eден повреден при расчистување на должничко доверителски односи

На 08.02.2019 година во 18:00 часот во Полициската станица Прилеп С.М.(42) од Прилеп пријавил дека истиот ден околу 14:00 часот отишол во домот на Џ.О. со цел да се договорат околу нерасчистени должничко доверителски односи, а присутни биле и неговата сопруга и брат, по што настанала вербална расправија и во еден момент Џ.О. со тврд предмет го удрил пријавителот во пределот на левото рамо, а потоа и неговиот брат физички го нападнал.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.