На клиниката за детски болести, почина 2-годишно дете, дознава КУРИР.
Иако првичните неофицијални информации говореа дека детето е шеста жртва на грипот, КУРИР дознава дека причината за смртта е друго заболување.
Од извори од Детската клиника, дознаваме дека детето починало од друг вид на инфекција.
Директорката на клиниката, Катерина Ставриќ, ни посочи дека наскоро ќе излезат со детални информации за трагедијата.