Хроника 03. април 2019. / 11:30

Две спектаткуларни апсења на граничниот премин Деве Баир во текот на вчерашниот ден

Две спектаткуларни апсења на граничниот премин Деве Баир во текот на вчерашниот ден

Две апсења на граничниот премин Деве Баир во текот на вчерашниот ден,уапсени двајца странски државјани.

Вчера во 12 часот и 25 минути на Граничниот премин „Деве Баир“, при пасошка контрола било констатирано дека во патната исправа на лицето Б.Е.(28) од Република Албанија недостасуваат неколку страници.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Исто така во текот на вчерашниот ден во 14 часот и 20 минути на Граничниот премин „Деве Баир“, при пасошка контрола и контрола на товарно возило „Даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, што го управувал П.Р.(45) од Република Турција, било констатирано дека зелениот картон од возилото бил фалсификуван.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.